Почетна ПопуларноБраво: Сензацијата од Фарските острови продолжува да гази, сега го победија и славниот Молде!

Браво: Сензацијата од Фарските острови продолжува да гази, сега го победија и славниот Молде!

од nenad
1 минути читај за
t

Сензацијата од Фарските острови, тимот на Клаксвик ја продолжи својата фудбалска бајка, вечерва го доби првиот меч против Молде во квалификациите за Лигата на шампионите, Галатасарај со победа се враќа од гостувањето кај Олимпија во Љубљана.
Клаксвик уште еднаш му се обрати на светот за внимание, овојпат го совладаа норвешкиот Молде со 2-1 и обезбедија предност пред реваншот.
Во првиот дел мрежите мируваа, а резултатот го отвори Молде со гол на Еикрем во 49. минута, се чинеше дека Норвежаните ќе дојдат до победа, но момците од Фарските острови не се предадоа.
Фредериксберг во 64. минута прво изедначи на 1-1, а истиот фудбалер во 86. минута даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа од 2-1 на Клаксвик.

.