Почетна МакедонијаПочина актерот Марк Марголис, познат по улогите во „Scarface“ и „Breaking Bad

Почина актерот Марк Марголис, познат по улогите во „Scarface“ и „Breaking Bad

од nenad
1 минути читај за




Актерот Марк Марголис по кратко боледување, почина на 84-годишна возраст во Њујорк, потврди неговиот син Морган за странските медиуми.

   

Актерот е најпознат по неговите злобни улоги, особено онаа на Хектор „Тија“ Саламанка во серијата „Breaking Bad“, за која беше номиниран за наградата „Еми“ во 2012 година. Тој исто така го глумеше Алберт во култниот филм „Scarface“. Тој може да се пофали со преку 70 филмски појавувања во текот на пет децениската кариера.

Иако на пошироката публика и е најпознат по неговите телевизиски улоги, неговата прва и најголема љубов беше театарот. Глумеше во дури педесет претстави на њујоршкиот Бродвеј. Повремено одржуваше и курсеви за млади актери.

    

Марк поминал 61 година со сопругата Жаклин, заедно го имаат синот Морган, а семејството планира приватен погреб за починатиот.