Почетна ВестиФРАНЦУЗИН КОЈ ИСКАЧУВАЛ ВИСОКИ ЗГРАДИ ПАДНА ОД 68. КАТ ВО ХОНГКОНГ

ФРАНЦУЗИН КОЈ ИСКАЧУВАЛ ВИСОКИ ЗГРАДИ ПАДНА ОД 68. КАТ ВО ХОНГКОНГ

од nenad
1 минути читај за

Според истражителите, Лусиди дошол до зградата во вечерните часови и му рекол на обезбедувањето дека е во посета на пријател на 40. кат. Се верува дека тој се искачил до последниот кат, кога останал заглавен надвор, при што панично почнал да удира на прозорец. Последната која го видела жив била собарка која била внатре.

Таа повикала полиција, но Лусиди во меѓувреме паднал и починал на самото место. Останува непознато од кои причини паднал.Според неговите профили на социјалните мрежи, Лусиди имал искачено високи згради во разни делови од светот, како Бугарија, Португалија, Франција, Украина и Дубаи. Тој почнал со овие екстремни авантури во 2016. На 16 јули објавил селфи додека стои на скалите на врвот на зграда во Габрово, Бугарија.