Почетна Балкан(Во живо) Ковачевски се обраќа за „Илинден“ од Кале

(Во живо) Ковачевски се обраќа за „Илинден“ од Кале

од nenad
1 минути читај за
t

По повод големиот државен празник 2 Август, Илинден, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на свечена манифестација која ќе се одржи на тврдината Кале во Скопје што почнува во 9:30 часот.

Претходно ќе биде положено свежо цвеќе пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа”, а во рамки на настанот предвидена е празнична културно-уметничка програма.

Премиерот Ковачевски ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи како и министерката за одбрана Славјанка Петровска.