Почетна ТехнологијаМарк Гурман ги најавува новините кои може да се очекуваат кај iPhone 15 серијата

Марк Гурман ги најавува новините кои може да се очекуваат кај iPhone 15 серијата

од nenad
1 минути читај за

Нема уште многу до претставувањето на новата iPhone 15 серија, а како и обично, повеќето информации кои се најважни се неофицијално објавени. Марк Гурман од Bloomberg, како главниот извор на информации од Apple, ги објави новините кои може да се очекуваат и на еден начин ги потврди досегашните информации.

Тој истакнува дека „сонот“ на Apple да има телефон без никакви рамки околу екранот е започнат со iPhone X во 2017, па постепено продолжува неговото остварување, а оваа година ќе бидат уште поблиску.

Рамките на iPhone 15 Pro моделите ќе бидат намалени на 1,5 милиметри од сегашните 2,2 и со тоа изгледа ќе бидат најтенките рамки на пазарот, барем одреден период. Ова ќе биде постигнато со користење на LIPO процесот кој Apple првпат го користи кај Apple Watch 7 и намалувањето на рамките на овој часовник.

Стандардните iPhone 15 модели не се очекува да ги имаат овие рамки, но затоа веќе нема да го имаат исечокот на екранот и ќе го добијат ланскиот Dynamic Island исечок, заедно со ланскиот A16 чип, а се очекуваат подобрувања и кај камерите.

За сите модели се очекува користење на USB-C приклучокот, па конечно корисниците на Apple нема да мора да користат различни кабли за уредите кои ги имаат.

Другите новини кои ќе бидат дел од iPhone 15 Pro моделите ги вклучуваат и титаниум кај рамката од страните на уредот која ќе биде малку заоблена на страните, поголеми подобрување кај камерите, „акциско“ копче на местото на преклопникот за тивок режим и зголемување на цените надвор од САД.

Гурман исто така додава дека не треба многу да се очекува од Apple Watch 9 и Watch Ultra 2, но затоа овие часовници ќе добијат нов чип кој треба да донесе подобрување на перформансите.