Почетна БалканХаос во Бутел, граѓаните бараат одговорност од градоначалникот

Хаос во Бутел, граѓаните бараат одговорност од градоначалникот

од nenad
1 минути читај за

Невремето кое ја погоди цела Македонија, а и Скопје предизвика многу штети. Од фотографиите објавени на социјалните мрежи може да се забележат откорнати дрвја, искршени гранки, откорнати кровови и слично.

Невремето ги погоди сите скопски општини, особено штета е предизвикана во Драчево и Кисела Вода, Бутел, Чаир, Гази Баба, но и во останатите општини.

Граѓаните реагираат дека градоначалниците се неспособни, па се моли градоначалничката Арсовска да им помогне да се справат со штетите. Ваков е случајот со жител на Општина Бутел кој на Фејсбук напиша:

“Се моли Данела, градоначалничката на Град Скопје, да му помогне како секогаш на најнеспособниот градоначалник Дарко Костовски”, на што со слични коментари се надоврзаа и останати жители на Бутел.

Во продолжение погледнете фотографии од штетите предизвикани од невремето во Бутел.