Почетна ПопуларноНово барање од Зеленски: На Украина ѝ недостасува…

Ново барање од Зеленски: На Украина ѝ недостасува…

од nenad
1 минути читај за
t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека на украинските војници им недостасува артилерија со долг дострел на НАТО и дека Киев досега не успеал да постигне договор со своите сојузници за испораките.

Тој изјави дека прашањето за испорака на оружје зависи од САД.

„На вооружените сили на Украина им недостигаат борбени авиони, и во однос на квалитетот и во квантитетот“, рече Зеленски, додавајќи дека обуката на украинските пилоти за летање со западни авиони ќе започне во август.

Зеленски изјави и дека имал телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за ситуацијата во Црното Море, неопходните чекори за отстранување на блокадата на коридорот за жито и акции за интеграција на Украина во Северноатлантската алијанса.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

.