Украинскиот претседател Володимир Зеленски замоли премиерот Денис Шмихал да “темелно ја разработи” можноста да се преименува Русија во “Москва” на украински јазик.
На веб-страницата на претседателот беше објавена петиција во која се предлага замената на зборовите “Руска федерација” со “Московска федерација”.
Петицијата доби 25,000 потписи.
Зеленски бара да се испита можноста за преименувањето во историски и културен контекст, како и за можните меѓународни правни импликации.
Во јануари 2022, Градскиот совет на Киев предложи преименување на Русија во “Москва”.
Предходно, во декември 2021, пратениците на Советот на Лавовската област изгласаа резолуција за преименување Русија во “Москва”, со цел да се справедлива историјата.
