Исповедта на Боба Живојиновиќ никого не остави рамнодушен.
Иако не се огласува често во медиумите, Боба Живојиновиќ пред извесно време во изјава за Гранд проговори за тешките моменти кои му се случиле.
Бившиот тенисер е во долгогодишен брак со Лепа Брена, во кој опстанаа и покрај сите неволји што ги следеа во текот на животот, а Боба за време на гостувањето во една емисија, откри детаљ за кој јавноста не знаеше, а е поврзан со формирањето на продукцијата „Гранд“ и лошата среќа што ја доживеале.
Ја основав продукцијата „Гранд“ за две недели, но тогаш веќе имав база со заработените пари. По неколку месеци, ни изгоре студиото, сè што инвестиравме преку ноќ исчезна. И тогаш дојде кај мене Саша Поповиќ и ме праша што да правиме сега, а јас му реков дека ќе го направиме уште подобро и поголемо, што и се случи. Морам да му оддадам признание на Саша, тој направи одлична промоција во медиумите – објасни Боба Живојиновиќ.
Поврзани објави
Тој се осврна и на бракот со Лепа Брен и направи интересна шега за нивната врска.
Цел живот сум сопруг на Лепа Брена. Уште кога бев мал, мајка ми ја имитираше Лепа Брена и јас така заспивав.
Боба Живојиновиќ ја откри тајната на успешниот брак.
Жената е глава на куќата и Брена го знае тоа. Уживаме, се сакаме и почитуваме. Кога се случи короната, буквално поминуваме 24 часа заедно. Нашата врска стана уште посилна. Во бракот мора да се има почит и компромис – објасни Боба.