По средбата со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза пред една недела, денеска министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека Трикафта ќе пристигне до крајот на годинава, а до крајов на месецов комисијата во здравство ќе одлучува колку пациенти.
Нов Центар за пациенти со цистична фиброза кој би бил сместен во Институтот за белодробни заболувања во Козле и модулаторна терапија се ветувањата кои ги добиле членовите на Асоцијацијата за цистична фиброза на состанокот со министерот за здравство Меџити.Асоцијацијата за цистична фиброза веќе подолго време се бори за набавка за лекот Трикафта, а засега таа битка успеаа да ја добијат само за 12 најкритични пациенти.