Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Сашо Петрушевски, денеска учествуваше на Регионалниот форум на MARRI, кој се одржа во Тирана, Република Албанија.
На форумот беше дискутирано и едногласно усвоено Годишниот извештај на Регионалниот центар на MARRI за периодот јули 2024 – јуни 2025, како и Независниот финансиски извештај за 2024 година, што претставува значаен чекор кон транспарентност и отчетност во регионалната соработка.
Исто така, беа презентирани и усвоени Приоритетите и Годишната програма на активности на MARRI за периодот јули 2025 – јули 2026 година, со фокус на зајакнување на капацитетите на институциите за миграциско управување, регионална координација и безбедносни предизвици.
Државниот секретар Петрушевски ја реафирмираше посветеноста на Македонија кон зајакнување на регионалната соработка во областа на миграцијата, азилот, граничното управување, борбата против трговијата со луѓе, визната политика и интеграцијата и враќањето на странци, потенцирајќи ја важноста од координирани и одржливи политики базирани на меѓусебна доверба и поддршка.
Во своето обраќање државниот секретар Петрушевски упати порака дека Република Македонија останува цврсто посветена на регионалната соработка и од тој аспект продолжува и поддршката на нашата држава на работата на Регионалниот центар МАРРИ на секој можен начин.
Во рамки на форумот беше извршено и официјално примопредавање на претседателството со MARRI, при што Албанија го предаде претседателството на Босна и Херцеговина, која ќе раководи со иницијативата во наредниот едногодишен период.
Post Views: 20