Во точно 9.30 часот вратите на хотелот „Холидеј Ин“ се отворија за посетителите на „Профемина 2022“, кои побрзаа да си го зафатат своето место и да ги проследат интересните содржини, чиј акцент повторно беше ставен на убавината, здравјето, негата и на сè друго што е од исклучителна важност за жената.Пред официјалниот почеток во 10.00 часот, гостите љубопитно ги разгледуваа изложбените штандови на поддржувачите на конференцијата кои беа дел од богатата зона на искуства.ЗОНА НА ИСКУСТВА Претходно 1 од 24 Следно Присутните имаа уникатна можност на едно место да ги испробаат и тестираат производите на Vichy, La Roche Posay, Esensa, Revalid и BioGaia, Violeta We Care, како и да се освежат со водите на Ladna и топлите напивки Franck.Гостите не пропуштија да се регистрираат на влезот за да си го обезбедат своето учество во лотаријата полна со изненадувања од поддржувачите на конференцијата: Inebrya, Revalid, Vichy, La Roche-Posay, Esensa, Violeta, Herbalife Nutrition, парфеми од Matoss Cosmetics, ваучер за професионална шминка и Phi brows од Microblading Jeta, „Убавина и здравје“ подари ваучери за часовници и накит, U&Z brands подари вредно модно парче од спортската колекција на бразилскиот премиум-бренд CAJU BRASIL, а главниот подарок беше златен накит од Ador Gold.Најбрзите ранобудници, кои први влегоа во салата, ги пречека слатко изненадување на столчето – пакетче со производи од Esensa и протеинска плочка од Herbalife Nutrition за енергија.Традиционално, како и секоја година, Јована Стојменовиќ, главната и одговорна уредничка на магазинот „Убавина и здравје“, свечено го отвори настанот, поздравувајќи ги неговите поддржувачи, откривајќи ѝ на публиката што сè може да очекува до 18 часот и најавувајќи ја првата панел-дискусија со која започна конференцијата – „Зима без настинки и вирози“, поддржана од Esensa.Нејзини соговорници беа врвните експерти: спец. д-р Весна Атанасовска, специјалист по општа и семејна медицина, ПЗУ „Медико Марија, Скопје; д-р Ана Мадиќ – ПЗУ „Д-р Ѓоше поликлиника“, Куманово; Деспина Алексовска – стручен соработник за „Есенса“, Септима и Елизабета Симонче – бренд-менаџерка за „Есенса“, Септима. (Повеќе за овој разговор можете да прочитате ТУКА.)Потоа, конференцијата продолжи со првата студија на случај „Профемина-ординација: Кожа со акни“, поддржана од La Roche-Posay.Mодераторката Николина Славковска зборуваше од своето лично искуство, а свое стручно мислење дадоа доц. д-р Весна Бришкоска Бошковски – спец. дерматовенеролог, ЈЗУ ГОБ „8 Септември“, Скопје и Анета Јованова – стручен соработник за La Roche-Posay во „Септима“. (Повеќе за овој разговор прочитајте ТУКА)Следуваше втората панел-дискусија со наслов „Во чекор со времето – проејџинг!“, поддржана од Vichy.Разговорот го водеше Јована Стојменовиќ, а своето мислење на темата го дадоа м-р Жана Базби, психолог, тренер за ментален и емоционален развој; Ребека Јанковска Ристески, естрадна уметничка, артистка, водителка и продуцентка; доц. д-р Силвија Дума, спец. дерматовенеролог; Ксенија Николова, писателка и Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка за Vichy и La Roche-Posay во „Септима“. (Повеќе за овој разговор можете да прочитате ТУКА.)Третата панел-дискусија беше во знакот на здравјето на нозете со наслов „Профемина ординација: Хроничната венска болест“, а беше поддржана од KRKA. Поврзани објавиЗа модерирање на разговорот беше задолжена ТВ-водителката Билјана Дебарлиева, а свое учество зедоа: прим. д-р Мери Шорова, специјалист-трансфузиолог, Институт за трансфузиона медицина, Штип; фарм. Весна Ставрова, ПЗУ „Сара фарм“, Скопје; Драгана Младеновска, фитнес-инструкторка, сопственичка на Fit Life Fitness Studio, магистер по фармација и диететика; фарм. Милена Ѓошевска, „Крка фарма“, Скопје. (Повеќе за оваа панел-дискусија прочитајте ТУКА.)„Се гледаме на селфи“ беше насловот на четвртата панел-дискусија, под покровителство на Herbalife Nutrition.Улогата на модератор ја презеде ТВ-водителката и уредничка Снеже Велков, а учествуваа следниве панелисти: Кармен Михајловска, член на претседателскиот тим на Herbalife Nutrition; Горан Николиќ, генерален директор на Herbalife Nutrition за Југоисточна Европа; Ангелина Блажевска, ко-основач на FitKit и Coach Foods.Оваа панел дискусија имаше „Селфи предизвик“ каде оној што имаше најфантастична фотографија си доби пакет производи од Herbalife. (Повеќе за овој разговор можете да прочитате ТУКА.)Уредничката на Информативната редакција во ТВ Сител, Славица Арсова, ја модерираше петтата панел-дискусија со наслов „Да ги подигнеме едрата на женското лидерство“, поддржана од А1.Учествуваа Анета Пешева, основачка на групацијата Ултра-Унет, претседателка на УО на МАСИТ, почесен конзул на Канада; Елена Димовска, раководителка на Одделот за корпоративни комуникации во „А1 Македонија“; Ивана Николиќ, извршна менаџерка за развој во IWConnect; Катерина Кајсторовска, единствената жена капетан пилот и инструктор на тип Боинг 737 во Македонија. (Повеќе за оваа панел-дискусија прочитајте ТУКА.)Следуваше шестата панел-дискусија со наслов „Чуварки на мудроста“, поддржана од HalkBank.Модераторка на оваа панел-дискусија беше познатата водителка Ведрана Ѓорѓевиќ, а нејзини гости-учеснички беа: Лилјана Дамовска, поранешна уредничка во „Дневник“, како и главна уредничка на магагазинот „Теа Модерна“; Славица Божиновска, доајенка на македонското спикерство; Бедиа Беговска, доајенка на Турскиот театар и на македонското глумиште; Гордана Зафировиќ – сертифициран терапевт и предавач и фенг-шуи консултант, како и универзитеткската професорка Виолета Ачковска. (Повеќе за овој разговор прочитајте ТУКА.)Последната панел-дискусија „Дали тие знаат што сакаат жените“, која го заокружи шестото издание на „Профемина“, беше можеби највозбудлива за припадничките на женскиот пол, бидејќи своите ставови и мислења за жените ги изнесоа наши познати мажи: новинарот Драган Павловиќ Латас, баритонот Павле Камилоски, новинарот и ТВ-водител Златко Андоновски и артистот Давид Мука.Честа да ја модерира оваа интересна дискусија ѝ припадна на водителката Татјана Пуленџовска, а на крајот, нејзините соговорници добија пакетче полно со изненадувања од Vichy. (Прочитајте ТУКА како помина оваа панел-дискусија)Помеѓу секоја дискусија имаше кратка пауза, за време на која гостите можеа да ги пробаат напивките на Franck и Ladna, како и извлекување на добитниците што учествуваа во лотаријата.ПРОФЕМИНА ЛОТАРИЈА Претходно 1 од 14 Следно „Профемина 2022“ заврши со доделување дополнителни подароци од страна на поддржувачите на настанот и се погрижи за тоа сите посетители да си заминат среќни, исполнети, инспирирани и збогатени со нови знаења и информации.Се гледаме наредна година! А многу повеќе фотографии од „Профемина 2022“ можете да погледнете ТУКА!Текст: Марија ЛукаревскаФОТО: Слободан Петровски, Горан Десковски
Успешно одржана регионалната конференција за жени „Профемина 2022“ – Убавина и здравје
133