Почетна ТехнологијаYouTube тестира заклучување на екранот за спречување на случајни притискања додека се гледа видео

YouTube тестира заклучување на екранот за спречување на случајни притискања додека се гледа видео

од nenad
1 минути читај за
Фото: Shutterstock.com

Една од предностите на YouTube Premium претплатата е можноста за тестирање на нови функции пред останатите корисници. Дел од овие функции стануваат подоцна официјално достапни, но тоа не е случајот баш со сите.

Најновата тест функција која им е достапна на овие корисници, иако изгледа не на сите, е можноста за заклучување на екранот додека се гледа некое видео. Ова треба да ги спречи несаканите допири и притискања на екранот додека се гледа видеото и негово исклучување, тргање или „премотување“ на друг дел.

Вакво нешто веќе имаат некои од другите слични апликации, како Netflix на пример, но прашање е дали кај YouTube би била до толку потребна.

За разлика од Netflix, каде најчесто целосно се гледаат од почеток до крај филмовите и сериите, на YouTube е нормално да видеото се гледа на делови.

Како и да е, од YouTube ја тестираат оваа функција, па доколку ја пуштат за сите, корисниците на кои им е потребна ќе добијат подобро корисничко искуство на оваа платформа.