Почетна Убавина и здравје„Маж без жена нема успех, бидејќи мажите сакаат да се докажуваат пред жените“ – вели Латас! – Убавина и здравје

„Маж без жена нема успех, бидејќи мажите сакаат да се докажуваат пред жените“ – вели Латас! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Заврши и седмиот и последен панел на „Профемина 2022“. Овој панел беше очекуван со нетрпение од посетителите, бидејќи беше и највозблудлив.Водителка или модератор на овој панел беше Татјана Пуленџовска, а нејзини гости-учесници беа: Драган Павловиќ – Латас, баритонот Павле Камиловски, новинарот и тв-водителот Златко Андоновски и артистот Давид Мука.Нивната тема беше можеби најинтересна за присутните, бидејќи тие зборуваа „Дали тие знаат што сакаат жените“.Секој од нив кажа по неколку интересни ставови…„Многу е дискутубилно што сака жената, тие имаат моменти кога не можеме да ги поднесеме, но исто така се едноставни и се наша голема љубов“ – започна Павле Камиловски.„Тешко кој може да одговори на тоа што сакаат жените. Веројатно емотивнтите стандарди кои сакаат да ги постигнат од нивниот маж“ – смета Златко Андоновски.„Жената од куќата прави дом, од опасност прави безбездност. Ако општеството даде повеќе шанса на жените, односно да бидат лидери, ќе биде подобро за сите нас“ – вака размислува Давид Мука.„Жена е инспирација за маж. Јас стојам зад тоа, секој маж сака да се докаже на една жена, дали е тоа девојка, љубовница, мајка, поранешна жена… Маж без жена нема успех, бидејќи мажите сакаат да се докажуваат пред жените“ – исткана Драган Павловиќ – Латас.На крајот од овој седми и последен панел беа извлечени последните добитнии од лотаријата, кои добија многу вредни подароци, меѓукои и златен накит од „Адор Голд“.