Тој нагласи дека Свети Климент живеел, делувал, учел и поучувал, богослужел и проповедал со, како што рече, благодатта и во неа, со Црквата и за неа, со светото Евангелие и за него, со Бога и во него.– Обидите да се присвои Св. Климент се понеразумни од обидот да се присвои сонцето. Светиклиментовото наследство не може да биде повод за расправии од едноставна причина што тоа спаѓа во доменот на богословието и богославењето, објасни г. Климент.Епископот Херајклејски г. Климент упати благодарност до Св. Климент Охридски за се што направил добро за нашиот народ и за нашата црква. Изрази благодарност за буквите, за словата, за црковното и духовното дело, за возобновениот Плаошник и за некогашниот Охридски универзитет крај, како што рече, Белото Езеро, за 3.500 учениците, за повторно заживеаните манастири…Во Соборниот храм во Скопје присуствуваа верници, кои му оддаваат почит на големиот светител Климент Охридски. На светата архиерејска литургија присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Света архиерејска литургија во Соборниот храм по повод Св. Климент Охридски
91