Почетна БалканГраѓаните од денеска можат да купуваат граѓански обврзници

Граѓаните од денеска можат да купуваат граѓански обврзници

од nenad
1 минути читај за
t

Граѓаните од денеска можат да купуваат граѓански обврзници.По изразениот висок интерес за граѓанската обврзница од страна на јавноста, денеска е издаден проспектот на првата аукција на граѓански обврзници, која ќе се одржи на 13 јули, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

-Со исклучително поволна каматна стапка од 5%, граѓанската обврзница ќе им донесе навистина солиден принос на граѓаните, ќе ги заштити нивните средства од глобалните инфлаторни движења, а воедно ќе инвестираат во најсигурниот финансиски инструмент кој постои на пазарот.

Воедно, придобивките ќе бидат и општи, за целата економија и општество, како инјектирање на пари во стопанството преку јавниот сектор, фискална одржливост и борба против сивата економија.

Граѓанските обврзници се дел од развојната стратегија на Владата, преку мобилизирање на средства и поттикнување на инвестициската активност, да се придвижи економскиот раст и креира додадена вредност. – напиша Ковачевски на Фејсбук.