Почетна ЕкономијаСанкции за четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на Чаир

Санкции за четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на Чаир

од nenad
1 минути читај за

16/06/2023
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО

Полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Инспекторатот за животот средина денеска извршија контрола во четири отпади со секундарни суровини на подрачјето на ЕВР Чаир.

При контролата, како што соопшти МВР, било констатирано дека сите четири отпади вршат трговија без регистрирана фирма и не поседуваат дозволи за складирање на секундарни суровини за што од Државниот пазарен инспекторат и Инспекторатот за животот средина им се изречени парични казни.

По консултација со јавен обвинител, како што се наведува, Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветни поднесоци. мд/сп/ .

Извор: МИА