Американската амбасада во Белград на Твитер вечерва сподели видео од натпревар во влечење јаже меѓу Србите од Лепосавиќ и американски припадници на КФОР, нагласувајќи дека тоа е „единствената борба меѓу две страни во која сите победуваат“.
Во соопштението, Амбасадата им честиташе на учесниците во играта.
„Единствената борба меѓу КФОР и Србите во која сите победуваат. Браво момци“, се вели во објавата.
Србите од Лепосавиќ денеска во рамки на работничките спортски игри ги одмерија силите против припадниците на американскиот контингент на КФОР во дисциплината влечење јаже.
Во Лепосавиќ се одржуваат работнички спортски игри, а натпреварувачите се натпреваруваат во повеќе дисциплини.
