октомври 26, 2022
Со новиот модел за субвенционирање кој Владата го усвои минатата недела, афионот како нашa стратешкa културa ќе добиe поголема поддршка, односно дополнителни субвенции за земјоделците. 6.000 денари за секој еден хектар на афион, како и за сите останати земјоделски култури, и дополнителни 18.000 денари по хектар доколку се оствари минимум принос од 300 кг и доколку истиот биде предаден кај регистрирани откупувачи. Ги мотивираме земјоделците, заеднички да го вратиме афионот на македонските полиња.
Денеска сум во посета на компанијата Био Оил Екслузивни масла за јадење / Bio Oil Exclusive edible oils која е синоним за успех и младешки ентузијазам. Александар и Кристијан се моите домаќини, млади луѓе полни со идеи и голема визија за македонското земјоделство и домашното производство. Нивната предност е во тоа што се уникатна, и единствана компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион.
Дека се визионери потврда е тоа што на нивна иницијатива, формирана е Алијанса во која челнуваат 14 мали компании и сите заедно се борат за подобра продажба на нивните брендови, кои ги произведуваат од откупени домашни земјоделски производи.
Со новиот модел за субвенционирање, афионот, како дел од македонската традиција го враќаме на земјоделските полиња, зголемувајќи ја за три пати субвенцијата, од 8.000 денари, на 24.000 денари за остварен принос од 300 килограми афионова ќушка, поттикнувајќи го и договорното производство.
Ова нека биде лајв мотив за сите земјоделци кои порано одгледувале афион, да се мотивираат и заедно да ја вратиме оваа култура на македонските полиња.


