Почетна ПопуларноПожарот на мостот „Беласица“ бил намерно предизвикан, Обвинителството отвори предмет

Пожарот на мостот „Беласица“ бил намерно предизвикан, Обвинителството отвори предмет

од nenad
1 минути читај за

Пожарот на мостот „Беласица“ бил подметнат, дознава Инфомакс, а обвинителството отворило предмет против непознато лице поради предизвикување на општа опасност.
Според информациите на Инфомакс, по извршениот увид од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР на опожарениот дел од мостот, констатирано е дека непознато лице запалило текстил и дрво во просторија на мостот наречена „просторија за компензација на топловод“, користејќи и согорлив материјал.
На местото на настанот пронајдени се и запалки како и отпушоци од цигари за кој се претпоставува дека се од сторителот на кривичното дело.
Обвинителството од Скопје, по добиените резултати од увидот на МВР отворило предмет во кој се гони непознато лице за сторено кривично дело чл.288 „Предизвикување општа опасност“, а прибрани се и матеирјални докази како и снимки од камерите поставени на крстосниците во близна на мостот, кои се вештачат.

.

Leave a Comment