Почетна ПопуларноПреполовени се приходите на Фајзер, поради намалениот интерес за вакцината против ковид

Преполовени се приходите на Фајзер, поради намалениот интерес за вакцината против ковид

од nenad
1 минути читај за
t

Во периодот од април до јуни, приходите на Pfizer биле преполовени во однос на истиот период минатата година, и паднаа на 12,73 милијарди долари.
Американскиот фармацевтски гигант бележи остар пад на вкупните приходи од продажбата на вакцината против коронавирусот Comirnaty, за 83 отсто, на 1,49 милијарди долари. Вкупниот приход од продажбата на Paxlovid падна на 143 милиони долари, од 8,1 милијарди долари во вториот квартал од 2022 година.
Pfizer го затвори кварталот со нето добивка од 2,33 милијарди долари. Во истиот период лани таа изнесуваше 9,91 милијарди долари.
Прилагодениот профит бил 3,84 милијарди долари, што е намалено од минатогодишните 11,66 милијарди долари. Компанијата ги намали трошоците за програми за спречување и лекување на Ковид-19, што се одрази со пад од 5 проценти на инвестициите во истражување и развој.
„И покрај неколкуте краткорочни предизвици поврзани со приходите од поединечни производи, веруваме дека компанијата е добро позиционирана за забрзан раст на производите што не се поврзани со коронавирус во втората половина на 2023 година“, рече главниот финансиски директор Дејвид Дентон.

.