Почетна Убавина и здравјеИСПОВЕД НА МАЖ: ВО ВЕЛЕШКИ МАНАСТИР ЈА ВИДОВ БОГОРОДИЦА ВО ЖИВO

ИСПОВЕД НА МАЖ: ВО ВЕЛЕШКИ МАНАСТИР ЈА ВИДОВ БОГОРОДИЦА ВО ЖИВO

од nenad
1 минути читај за

Бев на 12-годишна возраст кога во живо ја видов Мајката Божја. Тоа се случи во трпезаријата на манастирот „Света Богородица“ во Согле, каде што вечеравме. Вака ја почнува својата исповед м-р Миле Гиновски, криминолог од Скопје за весникот Дневник.– Во моментот кога се прекрстивме, забележав како од мојата лева страна доаѓа светлина. За кратко светлината стана уште посилна. Во неа забележав нешто како елипса, видов жена која држи дете во рацете и доаѓа кон нас. Се поднасмевна, н` благослови со рацете и си замина.
Целиот свој живот го чувствувам божјиот благослов, мислам дека токму Мајката Божја ме штити, раскажува Гиновски. додавајќи дека не постојат доволно убави зборови да го опише тој момент.