Почетна МакедонијаИбрахимовиќ ќе го напушти Милан, но ќе остане во Серија А!?

Ибрахимовиќ ќе го напушти Милан, но ќе остане во Серија А!?

од nenad
1 минути читај за

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ пропушти голем дел од актуелната сезона поради повреда, а неговиот договор со Милан завршува во јуни, по што најверојатно ќе го напушти италијанскиот гигант.

Ибрахимовиќ не мисли да замине во пензија, а наводно веќе добил понуда од Монца, која ја предводи тандемот Силвио Берлускони и Адриано Галијани, кои соработуваа и во Милан.

Галијани сака да го искористи пријателството со Ибрахимовиќ и да го убеди Швеѓанецот да одигра барем една сезона за Монца, која му нуди и загарантирана минутажа на искусниот напаѓач.

Монца во моментов се наоѓа на 13. позиција во Серија А со 34 бодови.

Извор: sport1.mk

Leave a Comment