Почетна Економија227 санкции за брзо возење, 199 санкционирани возачи во Скопје

227 санкции за брзо возење, 199 санкционирани возачи во Скопје

од nenad
1 минути читај за


227 санкции за брзо возење Во текот на вчерашниот ден (08.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 227 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 101 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 126 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта.

199 санкционирани возачи во Скопје Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 12 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, две за возач почетник.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 22 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, 15 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.