Почетна СветАрхиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г Јоан: „Албанија им припаѓа на сите“ – повика на единство, љубов и грижа за татковината

Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г Јоан: „Албанија им припаѓа на сите“ – повика на единство, љубов и грижа за татковината

од nenad
2 минути читај за

Традицијата што ја започна како митрополит на Корча, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г Јоан ја продолжува и во Соборниот храм „Воскресение Христово“, каде што утрово се одржа свечена богослужба – Доксолoгија посветена на албанското национално знаме и татковината.

Потсетувајќи се на сите оние кои ги жртвувале своите животи за слободата и независноста на земјата, архиепископот Јован упати порака за единство, заштита на татковината и заедничка одговорност за нејзиниот напредок.

„Наша должност е оваа благословена земја уште повеќе да ја осветлиме, сите заедно да бидеме обединети и да ја водиме напред. Затоа што Албанија им припаѓа на сите, таа не е сопственост на една група или на еден човек. Сите ние имаме одговорност да ја осветлиме нашата земја“, истакна Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г Јоан.

Во своето обраќање, тој нагласи дека Доксолoгијата на знамето има три важни значења: благодарност кон Бога за убавата и благословена земја, оддавање почит на духовниците и верниците кои низ вековите ги зачувале верата, јазикот и националниот идентитет, како и потсетување на одговорноста на секој човек да ја чува и заштитува татковината.

„Ние не сме сопственици на оваа земја, туку нејзини чувари. Од нас зависи дали ќе бидеме добри или лоши чувари. Ако го сакаме Бога, ќе ги сакаме и луѓето, бидејќи невозможно е да го сакаме Бога, а да не ја сакаме земјата во која сме родени и израснати“, порача архиепископот.

Осврнувајќи се на евангелската порака за љубовта кон Бога и ближниот, г.г Јоан истакна дека вистинската љубов кон татковината се докажува преку дела, грижа за луѓето и придонес за нејзиниот развој.

На крајот, тој упати молитва до Бога за мир, заштита и благосостојба на Албанија, посакувајќи им на сите граѓани среќен национален празник и многу години исполнети со благосостојба.

Свечената богослужба се одржа во Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана.


Post Views: 146

Извор : vesnik-ilinden.com

Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г Јоан: „Албанија им припаѓа на сите“ – повика на единство, љубов и грижа за татковината