Почетна ЕкономијаMiele Triflex: практична инвестиција за чист дом и подобра организација на времето

Miele Triflex: практична инвестиција за чист дом и подобра организација на времето

од nenad
2 минути читај за

 

Есента е период кога деловната динамика се засилува, се спремаат бизнис плановите за следната година, календарот е исполнет, и се помалку време останува за нешто друго. А, сепак од средбите со пријателите не сакаме да се откажеме, па неретко знаеме да ги поканиме и дома, за да се подружиме во една поопуштена атмосфера. Но тука пак, се соочуваме со друга ситуација како домот да остане уреден без да ни одзема значителен дел од слободното време.

Е тука доаѓаат на помош современите уреди што комбинираат ефикасност, мобилност, едноставна употреба и кои ќе ни помогнат темелно да исчистиме, а притоа да не изгубиме многу време. За среќа ја имаме безжичната правосмукалка Miele Triflex која е идеално решение за сите што сакаат високо ниво на чистота со помалку потрошено време и напор.

Miele Triflex HX3 овозможува практично суво и влажно чистење со едноставна промена на додатоците на правосмукалката. Со додатокот за суво чистење ефикасно се отстрануваат прашина, трошки и други суви нечистотии, додека со AquaPad додатокот се овозможува влажно чистење и освежување на подните површини. Правосмукалката има две ротирачки подлоги дизајнирани за темелно влажно чистење на подните површини и овозможува ефикасно отстранување дури и на засушените нечистотии, додека високоапсорбирачките подлоги, се перат и овозможуваат долготрајна употреба.

Без разлика дали ќе ви се истури кафе додека работите на лаптоп или чај за време на попладневната пауза, стик правосмукалките на Miele со функцијата за влажно чистење помагаат ваквите секојдневни незгоди да се исчистат брзо и едноставно, без да ви го нарушат ритамот на денот. Благодарение на оваа практична функционалност, со еден уред лесно се комбинираат двата типа чистење, приспособени на секојдневните потреби во домот. Лесна, практична и безжична, таа одговара на потребите на професионалците со динамичен распоред, за кои секоја заштедена минута има вредност.

Компактни и модерни, со ергономски дизајн што овозможува лесно ракување и практично складирање, правосмукалките Miele Triflex се секогаш при рака и подготвени за употреба. Посебна вредност носи паметниот 3-во-1 дизајн, кој овозможува уредот да се приспособи на различни ситуации: како рачна правосмукалка за автомобил, како модел со долга рачка за чистење под мебел и како моќна правосмукалка за влажно чистење за секојдневно и детално освежување. Во сезоната кога повеќе време поминуваме во затворен простор, уреден и пријатен дом е важна основа за одмор, фокус и добра организација. Miele Triflex нуди практичен начин есенската генералка да се заврши темелно, брзо и без непотребно нарушување на дневниот ритам.