Почетна Убавина и здравјеПолицијата ги бркала со дронови и хеликоптери! – Убавина и здравје

Полицијата ги бркала со дронови и хеликоптери! – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Мирната вечер на имотот Сандрингем се претворила во сериозен безбедносен инцидент, кога двајца мажи провалиле во луксузната резиденција на принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон

Двајца државјани на Албанија се обвинети за провала во луксузната селска резиденција на принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон во Норфолк, Англија. Она што требало да биде мирна вечер на кралскиот имот се претворило во сериозен безбедносен инцидент, откако непознати мажи успеале да влезат во објектот и, според обвинителството, да украдат вредни предмети.

Станува збор за вилата Анмер Хол, која се наоѓа на кралскиот имот Сандрингем. Двајцата осомничени, Мирген Доку (34) и Арилен Ндочи (32), биле уапсени по голема полициска потрага во која учествувале полициски кучиња, дронови и хеликоптер.

Според британските медиуми, инцидентот се случил во понеделникот, на 23 ноември, нешто пред 18 часот. Во моментот на провалата, Кејт, Вилијам и нивните три деца не биле во куќата.

Се качувале по олукот за да влезат во вилата

Според информациите изнесени пред судот во Норич, осомничените наводно стигнале до прозорецот качувајќи се по олукот, по што успеале да влезат во просторија што се користи како гардероба.

Обвинителството тврди дека од вилата биле украдени шест пара манжетни и еден часовник. Особено внимание привлече информацијата дека меѓу украдените предмети имало и пар манжетни што му припаѓале на покојниот принц Филип, војводата од Единбург.

Вредноста на украдените предмети засега не е прецизирана, а при провалата наводно била оштетена и рамката на прозорецот.

Полицијата покренала голема потрага: дронови, кучиња и хеликоптери

Алармите во резиденцијата се активирале околу 17:49 часот. По пријавата за сомнителни активности, полицијата во Норфолк започнала опсежна потрага по сторителите. Во акцијата биле вклучени полициски кучиња, дронови и хеликоптер на Националната полициска воздухопловна служба. Полицајците ги пребарувале околината на имотот и блиските шумски предели.

Според наводите изнесени во судската постапка, управителот на имотот забележал двајца мажи како бегаат кон блиската шума. Осомничените подоцна биле уапсени, додека потрагата по уште едно лице за кое постои сомнение дека било вмешано во инцидентот сè уште трае.


Поврзани објави

Кои се мажите обвинети за провалата?

Британските медиуми ги објавија идентитетите на двајцата осомничени: Мирген Доку (34) и Арилен Ндочи (32). Тие се обвинети за влегување во станбен објект со намера да извршат кражба, како и за неовластено влегување на заштитен имот.

При нивното појавување пред судот во Норич користеле помош од преведувач за албански јазик. Судијата им одредил притвор, а следното рочиште е закажано за 30 ноември.

Луксузната вила што им ја подарила кралицата Елизабета Втора

Анмер Хол не е обична семејна куќа. Оваа величествена грегоријанска вила со десет спални соби се наоѓа на приватниот кралски имот Сандрингем, во англиската грофовија Норфолк. Покojната кралица Елизабета Втора им ја подарила на Вилијам и Кејт по повод нивната венчавка во 2011 година.

Имотот располага со пространо дворно место, приватен базен и тениски терен, а семејството го користи за одмор и семејни собири. За време на пандемијата со коронавирусот, токму оваа куќа била едно од нивните главни семејни прибежишта.

Нивната главна резиденција денес се наоѓа во Виндзор, па Вилијам, Кејт и децата во моментот на инцидентот биле на друга локација.

Безбедноста на кралското семејство повторно под лупа

Овој инцидент повторно го отвори прашањето за безбедноста на имотите на британското кралско семејство. Особено загрижува фактот што непознати лица успеале да се приближат до објектот, да влезат во него и да однесат вредни предмети, и покрај безбедносните системи со кои се заштитени кралските имоти.

Од палатата Кенсингтон не сакале да го коментираат случајот, повикувајќи се на безбедносни причини.

ФОТО: ИНСТАГРАМ