Почетна ЕкономијаГерасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

Герасимовски: Градскиот ѕид со нова урбана опрема, поставени вкупно 68 клупи во строгиот центар

од nenad
1 минути читај за

Општина Центар го заокружува уредувањето со нова урбана опрема долж Градскиот ѕид. Деновиве активностите го опфатија потегот од улицата „Македонија“ до Соборниот храм и внатрешниот простор кај „Агромеханика“. Во оваа фаза се поставени 48 клупи и 39 корпи за отпадоци. Заедно со клупите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68.

Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа.

„Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент, да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.пите поставени во првата фаза на пешачката патека на улицата „Даме Груев“ и кај Зелено пазарче, вкупниот број изнесува 68.

Клупите се со различен дизајн, стандарден и модерен, што придонесува за подинамичен и попријатен градски амбиент. Во исто време, граѓаните можат да се одморат, да седнат, да поразговараат и да уживаат на отворено кога временските услови го дозволуваат тоа.

„Се стремиме улиците во Центар да добијат современ европски изглед, но и да ја задржат хуманата димензија. Да бидат места каде што секој ќе може да се одмори за момент,  да земе здив и да помине пријатни моменти, а не само да протрча низ градот“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој упати апел до граѓаните совесно да ја користат и чуваат новата урбана опрема.