Почетна ЕкономијаСедници на комисиите за одбрана и безбедност и за прашања на изборите и именувањата

Седници на комисиите за одбрана и безбедност и за прашања на изборите и именувањата

од nenad
1 минути читај за

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се амандманската расправа за Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија. За законот, како што е објавено на собраниската веб страна, се поднесени десет амандмани.

Пратениците на оваа седница треба да одлучуваат и за Предлог – одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да утврди предлог за избор на судија на Уставниот суд, а на ддневен ред е и разгледување барање за остварување право на плата по престанок на функцијата член на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.
Извор: МИА