Почетна Убавина и здравјеПодгответе се за студен шок: Поларен антициклон го зафаќа целиот Балкан

Подгответе се за студен шок: Поларен антициклон го зафаќа целиот Балкан

од nenad
1 минути читај за

Во текот на наредната седмица, односно во периодот од 30 ноември, па се до 7 декември целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја секако и Македонија ќе бидат под влијание на поларен антициклон (поле со висок воздушен притисок). Во ваква ситуација времето ќе биде многу ладно со многу ниски утрински и дневни температури на воздухот.

Сепак и покрај ова, врнежи нема да има, односно, ќе имаме претежно сув студ насекаде на Балканот и во Македонија.

Наутро температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места тие ќе се спуштаат длабоко под нулата, до околу, па и под -10 степени, а особено на високите места и на планините температурите ќе се спуштаат под -15 степени. Температури под нулата или до околу нулата на многу места ќе имаме и преку ден во поширокиот Балкански Полуостров.

Кај нас во Македонија во погоре споменатиот период исто така ќе имаме претежно сув студ со температури наутро насекаде под нулата, а на повеќето места тие ќе се спуштаат и подлабоко под нулата, до околу и под -10 степени.

Преку денот во Македонија исто така ќе биде многу ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, а само во југоисточните предели тие можат да наминат само малку над 5 степени.

Метео прогноза на Славчо Попоски