Долгите летови и чекањето на аеродром можат да бидат исцрпувачки, особено кога станува збор за храната. Искусен стјуард и наградуван готвач открива кој едноставен оброк секогаш го носи со себе кога патува со авион.
Сезоната на празнични патувања носи и поголеми гужви на аеродромите, доцнења на летовите и повеќечасовно чекање. Затоа, искусните патници знаат дека добрата подготовка е особено важна, а тоа подразбира и внимателен избор на храна што ќе ја понесат со себе.
Но, кој најдобро може да даде совет за идеален оброк за патување ако не некој кому авионот му е работно место?
Брет Јуманс, стјуард со дури 37 години искуство во авиоиндустријата и наградуван готвач, открива што редовно спакува кога го очекува долг лет. Неговиот избор е едноставен, практичен, заситувачки и потсетува на вкусовите од детството.
Станува збор за домашно подготвен сендвич со путер од кикиритки и банана.
Лесно се пакува и ме држи сит со часови“, објаснува Јуманс, кој токму овој оброк го претпочита за време на долгите патувања.
Поврзани објави
КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ ИДЕАЛНИОТ СЕНДВИЧ ЗА ПАТУВАЊЕ?
Тајната е во едноставните состојки. Јуманс препорачува интегрален леб, бидејќи содржи повеќе влакна и помага подолго да се одржи чувството на ситост. Особено добар избор е лебот со повеќе видови житарки.
Кога станува збор за путерот од кикиритки, тој претпочита кремасти варијанти. Подготовката е многу едноставна: на едно парче леб се нанесува путер од кикиритки, врз него се редат парчиња банана, а потоа се поклопува со второто парче леб.
За пакување, искусниот стјуард советува да се користат цврсти кутии со прегради. На тој начин сендвичот нема да се згмечи во торбата, а во останатите делови може да се сместат и други грицки.
Овој пример покажува дека за долг лет не мора да купувате скапа храна на аеродром или да се потпирате исклучиво на оброците што ги служат во авионот. Со неколку едноставни состојки можете однапред да подготвите практичен оброк што лесно се носи и консумира за време на патувањето.
Фото: pexels