Рецепт за вкусни солени залачиња
Шпанската пита е еден од оние старински рецепти на кои секогаш со задоволство им се враќаме. Мека, воздушеста и полна со вкусни состојки, совршена е за појадок, вечера, за да им се послужи на гости или како ужина која можете да ја понесете на работа. Нејзината најголема предност е што се приготвува брзо и едноставно, без сушење кори и макотрпно месење.
Состојки:
- 1 шолја од 200 мл масло
- 1 шолја од 200 мл екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
- 1 шолја од 200 мл пченкарно брашно
- 1 шолја од 200 мл минерална вода
- 200 г посно растително сирење
- 1 прашок за печиво
- 100 г црвена пиперка
- 100 г зелени маслинки без коски
- сусам
- сол
Приготвување:
1. Црвената пиперка се лупи и се сечка на коцки, маслинките исто така се сечкаат на коцки, растителното сирење се ренда крупно.
Поврзани објави
2. Во сад се мешаат маслото и минералната вода, со малку сол, и се мати со миксер.
3. Постепено се додава смесата од прашокот за печиво, екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ и пченкарното брашно, со непрекинато мешање со миксер, додека се добие еднолична смеса.
4. Се додаваат исечканиот зеленчук и ренданото сирење, па полека се меша со маталка.
5. Мал плех, со големина 20 х 30 см, се обложува со хартија за печење и во него се става приготвената смеса. Се израмнува со лопатка и се посипува со сусамот, а потоа се пече во загреана рерна, на 200°Ц, додека зарумени кората.
6. Печената пита се остава да се олади, а потоа се сече на коцки.