Кајли Џенер има план и тоа на сите им е јасно
Кајли Џенер повторно била видена во друштво на саканиот Тимоти Шаламе. Инфлуенсерката и актерот уживале на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес. Како и секогаш, двајцата биле модно усогласени, што е знак дека секое нивно појавување е внимателно испланирано. Имиџот им е важен. Ако папараците ги следат и медиумите пишуваат за нив, договорите што ги склопуваат се значително побогати. Колку поатрактивни ѝ се тие двајцата како пар на јавноста, толку почесто им се јавуваат спонзори за реклами.
Совршено облечени, совршено насмеани, Тимоти и Кајли во еден момент дури и си размениле бакнеж, но со ширум отворени очи, поради што уште еднаш се раширила приказната дека нивната приказна е дел од добриот маркетинг-план на мамаџерката Крис Џенер.
Поврзани објави
Крис е тука за да ѝ помогне на секоја своја ќерка од моќниот инфлуенсерски клан Кардашијан-Џенер. Па така, огромното богатство благодарение на кое станала првата млада милионерка, Кајли го стекнала така што ги слушала мудрите совети на својата мајка.
Сите велат дека врската со младиот и перспективен актер Тимоти Шаламе е уште еден добар маркетиншки потег, кој на Кајли Џенер ѝ помогнал да ја освои холивудската сцена.
Доколку успее до крајот на следната година да добие свршенички прстен од Тимоти, тоа ќе биде огромен успех за младата Кајли Џенер, која во животот има постигнато сè, освен брак.
ФОТО: ИНСТАГРАМ