Пригответе брза торта со вишни која се приготвува за само 15 минути, без печење, а потсетува на тортата „Шварцвалд“
Кога ни се јаде нешто слатко, а не ни се поминува многу време во кујна, тортите без печење секогаш се одличен избор. Овој кремлив десерт со какао, ванила, чоколадо и сочни вишни освојува уште на прво залаче. Се приготвува за само 15 минути, а спојот на богати филови и чоколадна глазура ја прави толку вкусна што може да се послужи и за свечени пригоди.
Слоевите бисквит, нежен фил од ванила, чоколаден крем и вишни потсетуваат на познатата торта „Шварцвалд“, но оваа верзија е многу поедноставна за подготовка. Потребно е само да ги наредите состојките, да ја прелиете тортата со глазура и да ја оставите добро да се олади.
Состојки:
- 400 г бисквити од какао
- 200 мл млеко
За филот:
- 120 г шлаг со вкус на ванила
- 1,5 л млеко
- 100 г нутела-крем
- 200 г вишни
За глазурата:
- 50 г путер
- 50 г шеќер
- 100 мл млеко
- 50 г какао
Поврзани објави
Приготвување:
Бисквитите кратко потопете ги во млеко и наредете ги на дното на тепсијата. Изматете го шлагот со 1,5 литри млеко според упатствата, па добиениот фил поделете го на три еднакви дела.
Во едниот дел додајте нутела и добро измешајте за да добиете чоколаден фил.
Преку првиот слој бисквити распоредете вишни, а потоа премачкајте со еден дел од белиот фил.
Наредете уште еден слој бисквити, премачкајте со чоколаден фил, па додајте нов ред бисквити и вишни.
Премачкајте со преостанатиот бел фил и завршете со слој бисквити.
За глазурата, стопете путер, шеќер, млеко и какао, па мешајте додека добиете изедначена смеса. Прелејте преку тортата.
Ставете ја во фрижидер најмалку два часа, за да се стегнат убаво сите слоеви и да се соединат вкусовите.
Кога ќе се олади, пресечете ја тортата на коцки и послужете. Најдобро е да ја приготвите неколку часа порано за да омекне бисквитот, а филовите да добијат совршена кремлива текстура.