Ервин Никола, претставник на Македонскиот весник “Илинден“, учествуваше на годишното Собрание на Алијансата за етички медиуми (АЕМ), кое се одржа на 17 ноември 2026 година во Тирана Тајмс“ во Тирана.
На Собранието, на кое учествуваа претставници на 17 медиуми членки, беше разгледан годишниот извештај за работата на Алијансата во 2026 година. Во текот на годината, АЕМ разгледала 46 жалби и примила четири нови медиуми во своето членство.
Една од главните точки беше изборот на новите раководни структури. За претседател на Алијансата повторно беше избран Иса Мизирај, додека во новиот Одбор за етика, со мандат од две години, беа избрани Марк Марку, Доријан Матлија, Лорин Кадиу, Валмора Гого и Блерина Ѓока.
На Собранието се разговараше и за идните активности на Алијансата, меѓу кои соработката со „Репортери без граници“ за воведување на меѓународната иницијатива за доверба во новинарството (JTI), како и формирањето Проектен центар во рамките на Албанскиот совет за медиуми, кој ќе им помага на медиумите при подготовката и аплицирањето за проекти и обезбедувањето финансиска поддршка.
Посебно внимание беше посветено и на заштитата на новинарите, економските предизвици со кои се соочуваат медиумите и влијанието на новата законска регулатива врз медиумскиот сектор. Во таа насока е најавено формирање работна група која ќе го следи и ќе влијае врз процесот на донесување на новата медиумска регулатива.
Македонскиот весник “Илинден“ е член на Алијансата за етички медиуми од август 2022 година, заедно со уште 41 печатен и аудиовизуелен медиум во Албанија.
Со учеството на годишното Собрание, Ервин Никола ја продолжува активната соработка на Македонскиот весник “Илинден“ со АЕМ, придонесувајќи во размената на искуства, унапредувањето на етичкото новинарство и подобрувањето на медиумската средина во Албанија.
Post Views: 115