Американската раперка Карди Би повторно успеала да ги привлече сите погледи, и тоа не само благодарение на раскошните облини, туку и со несекојдневното модно издание
Синоќа се одржа 17. доделувањето награди Governors во Лос Анџелес, каде што се собраа бројни познати имиња од светот на филмот, музиката и шоубизнисот. Меѓу гостите кои привлекле посебно внимание се нашла и раперката Карди Би, чиј стајлинг бил сè само не обичен.
За оваа пригода одбрала креација од познатата модна дизајнерка Тамара Ралф, чии haute couture фустани се препознатливи по впечатливите детали и несекојдневните силуети.
Белиот, тесен фустан совршено ја следел линијата на нејзиното тело и го нагласувал струкот, додека длабокото деколте ги ставил во прв план нејзините бујни гради. Особено внимание привлекол златниот корсетен детаљ на пределот на стомакот, кој на целата креација ѝ дал доза на раскош и футуристички гламур.
Поврзани објави
Сепак, она што го направило стајлингот особено впечатлив бил огромниот, предимензиониран шешир со драматична, уметничка нота. Карди уште еднаш покажала дека не се плаши од модните експерименти и дека не ѝ е проблем да облече парче што малкумина би се осмелиле да го одберат.
Стајлингот го надополнила со висечки обетки и шминка во нежни, природни тонови, со што направила интересен контраст меѓу впечатливата модна комбинација и дискретната шминка.
И додека шеширот речиси го покрил нејзиното лице, не постои сомнеж дека Карди Би не поминала незабележана.
ФОТО: Инстаграм