Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги поканува медиумите и новинарските екипи да го проследат Првиот форум за енергетска дипломатија – „Renewables and Women in Energy“, кој ќе се одржи на 25 ноември 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Форумот се организира од страна на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации во Северна Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).
На настанот се очекува учество на повеќе од 200 претставници од земјата и странство, вклучувајќи високи владини претставници, претставници на меѓународни организации и финансиски институции, енергетски експерти и претставници на бизнис-заедницата. Програмата предвидува повеќе од 10 меѓународни и домашни говорници, панелисти и модератори.
Форумот ќе го предводи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, а во фокусот на дискусиите ќе бидат обновливите извори на енергија, енергетската безбедност, регионалната соработка, зеленото финансирање и улогата на жените во енергетската дипломатија.
Регистрација за медиумите
За присуство и медиумско следење на Форумот, потребно е заинтересираните медиуми и новинари претходно да се регистрираат преку следниот формулар:
ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА:
https://forms.cloud.microsoft/Pages/ResponsePage.aspx?id=Oo5Kz5L_a0WczKjjvqScgk1UT1ttSZhJjE0_0a5hkvRUMUQ5QVRZWENEU09SQzVDQzFWSTlZS0gxVC4u
ЛИНК ДО ОФИЦИЈАЛНАТА ВЕБ СТРАНА:
https://forum.energy.gov.mk/
Ги покануваме сите заинтересирани редакции и новинарски екипи навремено да ја пополнат регистрацијата.
Датум: 25 ноември 2026 година
Локација:Хотел „Александар Палас“, Скопје
Почеток на Форумот: 09:30 часот
Министерство за енергетика, рударство и минерални