2
Може да се јаде како прилог или самостоен оброк
Немате енергија? Оваа салата од цвекло е токму тоа што ви треба! Крцкава, слатка, солена и готова за десетина минути. Цвеклото ќе ве снабди со железо и фолати, а фета-сирењето со протеини, додека преливот од лимон ѝ дава неодолива завршница на оваа здрава и вкусна салата.
Состојки:
- 3 зготвени цвекла, тенко исечкани
- 165 г пченка
- 50-60 г тенко исечкан црвен кромид
- 85-90 г зрна калинка
- 40 г потпечени сечкани ореви
- 75-80 г здробено фета-сирење
- свеж магдонос
За преливот:
- 2 лажици маслиново масло
- 1 лажица мед
- 1 лажица сок од лимон + 1 лажиче рендана кора
- сол и црн пипер
Поврзани објави
Приготвување:
Измешајте ги сите состојки и здробете фета-сирење одозгора. Вашата енергетска бомба е спремна за послужување!
ФОТО: ИНСТАГРАМ