Почетна Убавина и здравјеНејзиниот свршеник има шокантна теорија за тоа што ѝ се случило! – Убавина и здравје

Нејзиниот свршеник има шокантна теорија за тоа што ѝ се случило! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Камерите ја следеле 24 часа од исчезнувањето, а потоа ѝ се губи секоја трага

Семејството речиси девет месеци трага по психологот Виторија Фигуеиредо Барето (31), која исчезнала во британскиот Есекс. Нејзиниот свршеник Јанилсон Гомес Да Силвеира Филјо и понатаму верува дека таа е жива. Дури и изнел теорија дека жената можеби страда од губење на меморијата.

„Виторија можеби е збунета, можеби не знае каде се наоѓа и ѝ треба помош“, смета Филјо, кој не ја исклучува можноста и дека некој ја држи заробена против нејзина волја.

Токму затоа, ги повикал жителите на местото Брајтлингси и Бредвел да обрнат внимание и да ја пријават во полиција секоја непозната жена која би можела да одговара на нејзиниот опис.

Виторија исчезнала во март. Ден претходно ја посетила својата пријателка на Универзитетот во Есекс во Колчестер, а на 3 март со автобус отпатувала во Брајтлингси. Излегла околу еден и пол попладне, а подоцна, камерите ја снимиле во близина на една куќа во областа Хурст Грин.


Поврзани објави

На себе имала темен капут, сина ролка, светлосини фармерки и црни патики. Преку рамениците носела бела чанта со натписот: „People over profit“.

Последната позната снимка датира од 4 март по полноќ. Камерата ја забележала како прескокнува ограда и влегува во простор на бродоградилиште. Полицијата верува дека некој набрзо потоа ја одвезол на чамец, кој подоцна испловил од пристаништето и околу пладне пристигнал до местото Бредвел – он – Си.

„Виторија и понатаму се води како исчезната. Таа е млад и витален психолог, ќерка, сестра, пријателка и свршеница“, изјавил Филјо.

Нејзината бела чанта била пронајдена неколку дена подоцна во близина на Коперас Роуд, а полицијата на 14 март го пронашла и нејзиниот лаптоп. Оттогаш како земјата да ја проголтала секоја трага на Виторија.