Заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас ги посетивме припадниците на вооружените сили на земјите членки на Балканските медицински наменски сили – БМТФ, кои во касарната „Илинден“ изведуваат интегрирана обука на теренската болница – ROLE 2 во реално оперативно опкружување со поддршка на медицински експертски тим од Кралството Норвешка, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Повеќе од 100 припадници од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Црна Гора, се дел од првата редовна обука која се одвива во Македонија откако нашата држава ја презеде улогата на Рамковна земја на БМТФ во периодот 2026-2028 година, пишува Мисајловски.
Целта на оваа обука е подобрување на оперативната подготвеност и интероперабилноста на медицинскиот мултинационален персонал во насока на зајакнување на регионалните воено-медицински способности на земјите од Западен Балкан, се користи сета нова медицинска опрема која беше добиена со поддршка на Европската Унија и Кралството Норвешка за потребите на БМТФ, вели Мисајловски.
Честитки до сите учесници на обуката и голема благодарност до Европската Унија и Кралството Норвешка за континуираната поддршка за развој на овој исклучителен регионален капацитет за брз и ефикасен одговор на меѓународни кризи и катастрофи, предизвикани од природни или човечки причини, пишува во својата објава меѓудругото министерот Мисајловски.