Почетна Убавина и здравје„Најтешко е секојдневно да се изложувате на туѓи критики“ – Убавина и здравје

„Најтешко е секојдневно да се изложувате на туѓи критики“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Работата на инфлуенсерите често изгледа гламурозно – патувања, убави фотографии, настани и соработки со познати брендови. Но зад содржините што секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи стојат многу труд, планирање и одговорност. На ова потсети македонската инфлуенсерка и водителка Јелена Спенџарска, која деновиве престојува во Брисел, каде што повторно е дел од меѓународниот самит на креатори на дигитална содржина организиран од Европскиот парламент.

Ова е втора година по ред како Спенџарска добива покана за Content Creators’ Summit, настан на кој се собираат инфлуенсери, креатори на содржини за YouTube и TikTok, како и новинари од различни европски земји.

Целта на самитот е преку дигиталните платформи европските институции, политиките и демократските процеси да им се приближат на граѓаните, особено на помладите генерации.

„Оваа работа е многу повеќе од убави фотографии и видеа“

По повод учеството на самитот, Јелена сподели лична порака на социјалните мрежи, во која отворено зборува за предизвиците на професијата што со години ја гради.

Таа потсетува дека зад секоја објава има многу повеќе работа отколку што може да се забележи на прв поглед – од создавање идеи и планирање, преку снимање и монтажа, до договарање соработки и постојано усовршување.

Со години снимам, сликам, создавам содржини на социјалните мрежи. И ако нешто научив за тоа време, тоа е дека оваа работа е многу повеќе од само убави фотографии и видеа на Инстаграм“, напиша таа.

Според Спенџарска, еден од најголемите предизвици е и одговорноста кон публиката, односно кон луѓето што им веруваат на креаторите и ги следат нивните препораки и ставови.

Сепак, како особено тежок дел од професијата го издвојува постојаното изложување на јавни мислења, критики и очекувања.

А можеби најтешкиот дел, барем за мене, е храброста секојдневно да се изложуваш на туѓи мислења, критики и очекувања“, истакнува таа.


Поврзани објави

„Горда сум на сите години труд што стојат зад оваа можност“

Поканата за втора година по ред на самитот во Европскиот парламент за Јелена има посебно значење. Таа не ја доживува само како можност за присуство на меѓународен настан, туку и како признание за долгогодишната работа, посветеност и истрајност.

Многу сум си горда на себе. На сите години труд што стојат зад оваа можност, на признанието за мојата работа и на шансата да учам од креатори од цела Европа, да разменувам искуства и достоинствено да си ја претставувам Македонија“, сподели Спенџарска.

Таа додаде дека особено ја радува чувството кога нешто што го градиш со години ќе те одведе на места за кои некогаш не си ни замислувал дека ќе ги посетиш.

Нејзината порака ја заокружи со мислата дека најголемото задоволство е кога ќе сфатиш дека си стигнал до посакуваното место, а притоа си останал доследен на себе.

Учеството на вакви меѓународни настани отвора простор за размена на искуства и нови знаења, но и потсетува дека зад секоја успешна дигитална приказна стојат многу повеќе од убаво уредени фотографии – стојат труд, доследност и храброст да се биде изложен на јавноста.

Фото: Инстаграм