Почетна Убавина и здравјеЗдравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

од nenad
1 минути читај за



По пауза од девет години, легендарниот поп-пејач Здравко Чолиќ објави нов, шеснаесетти студиски албум насловен „Maštam i praštam“.

Новото музичко издание содржи 12 нумери, меѓу кои шест сосема нови композиции, како и веќе познати и сакани синглови кои публиката ги слушна во изминатиот период: „Sto dukata“, „Biraj ti“, „Zašto ona“, „Tamo“, „Proleće za ljubavnike“ и „Ne daj da ostarim sam“.


Поврзани објави

Особено интересно е што на две од песните, на музиката и текстовите се потпишува Чола. Како автори и соработници на албумот се потпишуваат и врвни имиња од регионот како Дино Мерлин, Вјекослава и Тончи Хуљиќ, Нено Белан, Маја Сар, Саша Матиќ и Марко Луис, додека производството и продукцијата ја водат проверени мајстори како Никша Братош и Махир Сарихоџиќ.

„Сите песни од албумот не мора да бидат хитови, но нека бидат квалитетни, нека останат за некои понатамошни времиња и тоа ќе биде доволно“, порача Здравко Чолиќ по повод излегувањето на новото ремек-дело.