Јапонската автомобилска компанија „Хонда“ ќе изгради нова фабрика во американската сојузна држава Охајо, во која ќе произведува хибридни автомобили.
Инвестицијата е вредна 3 милијарди долари, а погонот ќе има годишен капацитет од 240.000 возила. Почетокот на производството е планиран за 2029 година, со отворање на околу 2.000 работни места.
Со новата фабрика, „Хонда“ планира да го зголеми производството во САД и Северна Америка, паралелно со проширување на понудата на хибридни модели. Компанијата најави и пренамена на дел од постојните погони за производство на нови генерации мотори.
Инвестицијата доаѓа во период кога големите автомобилски производители ги прошируваат капацитетите во САД. Меѓу нив се „Ауди“, со најавена инвестиција од 4 милијарди долари во Џорџија, и „Тојота“, која планира да вложи 3,6 милијарди долари во производство на камионети во Тексас.