Почетна ЕкономијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош за лица со попреченост

Општина Карпош доделува еднократна парична помош за лица со попреченост

од nenad
1 минути читај за

Општина Карпош објави повик за доделување еднократна парична помош од 5.000 денари, по повод 3 Декември – Денот на лицата со попреченост. Соопшти дека иницијативата е во рамки на нејзините програмски активности од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година.

-Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, 9 ноември, до 20 ноември 2026. Право на еднократната парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош); трансакциска сметка на име на подносителот на барањето и наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост, информира Општина Карпош.

Комплетната документација треба да се поднесе во архивата на Општина Карпош, која во соопштението посочува и дека остварувањето на правото на паричен надомест ќе биде според редоследот на поднесување на барањата, односно до исцрпување на предвидените средства. хс/вј/

Фото: Општина Карпош