Почетна Убавина и здравјеМирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството – Убавина и здравје

Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Српската актерка Мирка Васиљевиќ, која уште како девојче зачекори во светот на телевизијата и актерството, откри дека нејзиното детство не било секогаш лесно. Иако рано стекнала популарност, во училишните денови се соочувала со потсмев и навредливи коментари од врсниците, особено поради љубовта кон фолклорот.

Мирка имала само пет години кога почнала да работи како манекенка и водителка. Кога тргнала на училиште, веќе имала искуство пред камерите, настапувала на концерти и учествувала на фолклорни натпревари. Но, токму активностите што ја исполнувале биле повод за потсмев од другите деца.

„На петгодишна возраст почнав да бидам и манекенка и водителка, па уште кога тргнав во прво одделение бев малку поинаква од другите деца. Секогаш сакав да се облекувам малку поинаку, да презентирам нешто необично“, раскажала актерката.

Особено ја погодувале коментарите поврзани со нејзините настапи во фолклорното друштво.

„Бев различна од децата и затоа што веќе одев на фолклорни натпревари, имав концерти со игроорното друштво и слично. И поради тоа слушав секакви погрдни коментари за себе: дека сум селанче, дека играм во опинци…“

Иако признава дека навредите тогаш ѝ пречеле, денес на тие искуства гледа поинаку. Како еден од најубавите спомени од детството ја издвојува турнејата во Мексико, каде што со фолклорното друштво поминала месец и половина.

„Тогаш ми пречеше, но мојот живот ги негираше овие нивни коментари, бидејќи со фолклорот бев на турнеја во Мексико еден и пол месец, и мене ми е тоа доволна потврда дека сум правела нешто добро“, изјавила Мирка.


Поврзани објави

Публиката ја памети и по нејзините рани актерски улоги, меѓу кои е и улогата на ќерката на ликот што го толкува Никола Којо.

Покрај професионалната кариера, актерката често го привлекува вниманието и со приватниот живот. Таа повеќе од една деценија е во врска со поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ, со кого има четири деца.

Нивниот однос беше предмет на медиумски шпекулации по обвинувањата за наводно неверство на Савиќ, но Мирка јавно не ги коментираше тие тврдења.

Во една од своите претходни изјави актерката зборувала и за довербата во партнерските односи, нагласувајќи дека никогаш немала потреба да го проверува телефонот на Вујадин.

„Вујадин е пољубоморен од мене. Мене ми е неверојатно да се прават некои вештачки работи за да се види дали е некој љубоморен или не. Тоа е губење време на глупости“, изјавила таа.

Додала дека верува оти вистината секогаш наоѓа начин да излезе на виделина.

„Ако нешто треба да стигне до мене – ќе дојде. И никој жив не може да го спречи тоа, а ќе дојде кога ќе треба“, рекла Мирка.