Сите се сеќаваат на огненоцрвената Хурем Султан, една од најпознатите телевизиски хероини обожавана од публиката ширум светот. Турската актерката Мерјем Узерли, која се прослави со оваа улога во серијата „Сулејман Величествениот“, и денес привлекува големо внимание, а нејзиното последно појавување на црвениот тепих ја покрена приказната за нејзиниот изглед.
На фотографиите од Баку, каде што се појавила за промоцијата на новиот филм „Имроз’да Бахар“, Мерјем позирала во долг, тесен црвен фустан што ја следи линијата на телото. Елегантна, со едноставна фризура и дискретна шминка, актерката уште еднаш покажа дека знае да привлече внимание.
Сепак, она што е особено интересно е фактот дека таа била на истиот настан со Халит Ергенч, актерот кого публиката го памети како Сулејман Величествениот. Двајцата повторно глумат заедно, повеќе од една деценија по завршувањето на серијата што ги прослави.
Филмот „Имроз’да Бахар“, во режија на Озџан Алпер, е романтична драма сместена на турскиот остров Ѓокчеада, некогаш познат како Имроз.
Халит Ергенч го игра Ариф, писател кој поминува низ креативна криза и заминува на островот во потрага по нова инспирација. Таму ја запознава Соња, која ја игра Мерјем Узерли, жена која поминала низ голема животна трагедија. Нивната средба постепено прераснува во приказна за блискоста, загубата и новите почетоци.
Повторната средба на актерите предизвика носталгија кај обожавателите на „Сулејман Величествениот“, кои со години ја следеа нивната телевизиска љубовна приказна. Иако сега се во сосема различни улоги, нивното заедничко појавување неизбежно ја потсети публиката на Хурем и Сулејман.