Почетна ЕкономијаСедници на три собраниски комисии

Седници на три собраниски комисии

од nenad
1 минути читај за

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.

Пред членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се Разгледувањето на пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и утврдување Предлог- кандидат за именување член во РКЕ, утврдување предлог-одлуки за избор на членови на Советот за граѓански надзор, за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).

На дневен ред се и утврдување предлог-одлуки за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на македонското Собрание за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, во прво читање.
Извор: МИА