Дознајте кои предмети во домот можат да го зголемат ризикот од рак и како да одберете поздрави опции
Лекарите предупредуваат на предмети и производи што секојдневно ги користиме во домаќинството, а кои можат да нè изложат на потенцијално штетни хемикалии. Некои навики и предмети заслужуваат поголемо внимание поради можната поврзаност со зголемен ризик од рак. Затоа, експертите советуваат да обрнеме внимание на составот на производите што ги внесуваме во домот и, кога е можно, да избираме побезбедни алтернативи.
Еден од нив е д-р Џеј Лутар, професор на Медицинскиот факултет на Харвард, кој за порталот Health.com открил дека избегнува прекумерна употреба на спрејови за дезинфекција, силно парфимирани средства за чистење и електрични освежувачи на воздухот што постојано ослободуваат хемиски супстанции. Наместо нив, предност им дава на поедноставни средства, како оцет, сода бикарбона и сапун, додека средствата за дезинфекција ги користи кога навистина се потребни.
Начинот на подготовка на храната и мебелот се меѓу главните извори на загадување
Кога станува збор за чување и загревање на храната, Лутар претпочита стакло и нерѓосувачки челик, бидејќи одредени хемикалии од пластиката, вклучувајќи ги фталатите и бисфенолите, можат да преминат во храната, а загревањето дополнително го зголемува овој ризик.
Радиологот Дерил Хебер, пак, никогаш не користи шпорет на гас без соодветна вентилација. Имено, високите температури, па дури и оние од 177 степени Целзиусови, вообичаени за рерните, можат да доведат до зголемување на нивото на бензен во затворен простор.
Поврзани објави
Бензенот е канцерогена супстанција што се поврзува со леукемија, а неговата концентрација во вакви услови може да биде дури и повисока отколку при изложеност на пасивно пушење. Хебер советува задолжително да се вклучува аспираторот и да се отвораат прозорците за време на готвењето. При купување нов шпорет, тој препорачува избор на модел со индукциска плоча.
Хебер, исто така, избегнува мебел изработен од композитно дрво, како иверица, шперплоча или медијапан (MDF), бидејќи лепилата што се користат во нивното производство ослободуваат формалдехид – супстанција поврзана со појавата на рак на назофаринксот и леукемија. Тој препорачува избор на мебел од масивно дрво или производи без додаден формалдехид.
На крајот, Лутар настојува да избегнува предмети, како мебел или теписи, кои се третирани за да бидат отпорни на вода и дамки. Таквите предмети може да содржат PFAS-соединенија, познати како „вечни хемикалии“, од кои некои се класифицирани како канцерогени. Наместо нив, тој избира предмети изработени од природни материјали, како памук, волна, лен или свила.
Повеќето полипи долго време не предизвикуваат никакви симптоми, бидејќи нивното ткиво нема рецептори за болка. Поради тоа, човек може да се чувствува сосема здраво, а притоа да не знае дека има израсток.
Сепак, одредени видови полипи со текот на времето можат да се развијат во малигни промени, особено аденоматозните, вилозните и назабените (сератни) полипи. Затоа, лекарите предупредуваат дека не треба да се чека појавата на болка како знак за тревога, туку препорачуваат редовни превентивни прегледи, вклучително и колоноскопија, за потенцијално опасните промени да се откријат навреме.