Почетна Убавина и здравјеЕве што објавува на 56 години! – Убавина и здравје

Еве што објавува на 56 години! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Профилот го започнала во август, а за само три месеца заработила речиси 300.000 долари

Поранешната ѕвезда на серијата „Чувари на плажата“ остварува огромни приходи на платформата OnlyFans, на која за само три месеци заработила речиси 300.000 долари. Доколку продолжи со истото темпо, уште во првата година би можела да заработи милион долари.

Актерката Ерика Еленијак во август, на 56-годишна возраст, отворила профил на платформата OnlyFans и за кратко време привлекла повеќе од 1.100 претплатници.

На почетокот заработувала околу 10.000 долари неделно, а со зголемувањето на интересот растеле и нејзините приходи.

Ерика, која од 1989 до 1992 година ја толкуваше улогата на омилената спасителка Шони Меклејн, денес им покажува на своите следбеници поопуштена и полична страна, поинаква од онаа по која ја паметат во култниот црвен костим за капење. На својот профил објавува фотографии и видеоснимки, вклучувајќи содржини од плажа и фотографии на кои позира боса.

Не е ниту првата ниту единствената што се збогатила на оваа платформа

Многумина коментираат дека актерката толку многу се променила што денес тешко ја препознаваат.

Ерика не е единствената позната актерка што ја монетизира својата популарност на оваа платформа. На OnlyFans се приклучија и други холивудски ѕвезди, меѓу кои се Дона Милс (85) и Џејми Пресли.

ФОТО: ИНСТАГРАМ