Почетна Убавина и здравјеМаја Поцевска на Профемина 2026 првпат ја раскажува приказната што ја чувала 11 години – Убавина и здравје

Маја Поцевска на Профемина 2026 првпат ја раскажува приказната што ја чувала 11 години – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Зад секоја голема животна приказна се крие момент што менува сè. За Маја Поцевска, тоа бил почетокот на едно патување исполнето со грижа, одговорност и човечка блискост, за кое досега не зборувала јавно. На Profemina 2026 таа првпат ќе ја сподели приказната што со години ја чувала за себе.

Постојат приказни што не можат да се раскажат во неколку реченици. Приказни што се градат низ годините, со многу љубов, трпение, посветеност и одлуки што го менуваат не само нашиот живот туку и животот на некој друг. А понекогаш, токму оние искуства за кои најмалку зборуваме се најдлабоко врежани во нас.

Што се случува кога во вашиот живот ќе влезе некој кому му е потребна вашата поддршка, а грижата за него ќе стане дел од вашето секојдневие? Како изгледа одговорноста што не завршува со еден ден, една година или еден важен момент? И колку може да се промени животот кога ќе одлучиме да бидеме тука за некого?

Ова не е само приказна за еден необичен животен пат. Таа отвора и пошироки прашања за грижата, емпатијата и значењето на поддршката што можеме да му ја дадеме на друг човек. За сите оние моменти кога постапките зборуваат погласно од зборовите и кога вистинската поврзаност се покажува низ годините, а не низ големите ветувања.

Нејзината животна приказна ќе биде дел од Profemina 2026, конференцијата што и годинава ги става во фокусот женските искуства, личните избори, предизвиците и храброста да се споделат приказни што можат да нè допрат и да нè поттикнат да размислуваме поинаку.

Дознајте ја приказната на Маја Поцевска – за 11 години што оставиле трага и за една животна врска што почнала кога едно девојче имало само 15 години. Разговорот ќе го води проф. Татјана Алексиќ.


Поврзани објави

Бидете дел од Profemina 2026!

Јубилејното, десетто издание на регионалната конференција Profemina 2026, под мотото „СВЕСНА. СМЕЛА. СВОЈА.“, ќе се одржи на 29 октомври 2026 година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 10 часот.

Влезот е бесплатен, со претходна регистрација. Пријавете се на redakcija@ubavinaizdravje.mk и бидете дел од ден исполнет со искрени исповеди, инспиративни разговори и приказни што потсетуваат на силата на човечката поврзаност.

Текст: Убавина и здравје